Според вистинска приказна за четворица пријатели што припаѓаат на најбогатите слоеви на норвешкото општество, втората сезона на извонредната норвешка серија Излез (Exit) на Pickbox NOW пристигнува на 14 јануари.

Што да правиш кога си толку богат што не мораш да се грижиш за ништо?

Модерната драмска серија го открива мрачниот, скриен, супер богат свет на хедонизмот. Тие се четворица пријатели што често имаат многу ризични потези – затоа што едноставно им е здодевно. Припаѓаат на ексклузивниот свет на богатата елита на Осло, имаат сè – освен излез од сопствениот свет.

Четири пријатели што делат специфичен нарцизам ги исполнуваат своите празни животи со хедонизам и забава. Здодевно им е маневрирањето со секојдневните обврски и семејните очекувања, па со пари и лаги се препуштаат на опијати и друга нелегална забава, поместувајќи го својот морален компас до крајни граници. Нивната желба да имаат повеќе и повеќе не престанува, но ќе најдат ли излез навреме или сепак ќе бидат казнети за лагите?

Ексклузивниот свет на богатата елита на Осло: Што нѐ чека во втората сезона?

По извонредната прва сезона, во втората сезона што доаѓа на 14 јануари на Pickbox NOW, супер богатите плејбои Адам (Симон Ј. Бергер), Хенрик (Тобијас Сантелман), Вилијам (Пал Свер Хаген) и Јепе (Јон Оигарден) ќе мора да се соочат со последиците на својот разврат. Фокусот е ставен на корупцијата при тргувањето со доверливи информации, што ќе доведе до уште полошо однесување. Позициите на моќ се менуваат – Вилијам и сопругата на Адам, Хермине, почнуваат да играат исто валкано како и нивните поранешни партнери. Нивната врска ќе стане посложена и сите ќе бидат вовлечени во свет на одмазда и целосно непочитување на другите.

Гледајте ја феноменалната втора сезона на скриениот и ексклузивен, но и мрачен и ненормален свет на богатите Норвежани само на Pickbox NOW од 14 јануари.

Претходна статијаMicrosoft тестира VRR кај Edge прелистувачот
Следна статијаГледај Европско на најголемиот ЛЕД екран пред Ист Гејт Мол