Фото преку Reddit

Microsoft започна со тестирање на нова верзија од нивната Snipping Tools апликација во која треба да биде додадена можноста за снимање на екранот. Оваа апликација сега ја има само можност за правење на слики од екранот, па корисниците кои сакаат нешто повеќе, обично користат други апликации.

Иако Snipping Tools е едноставна апликација и доста корисници користат понапредни, сепак за голем дел од корисниците таа е доволна. Поради тоа, потребата од барање и инсталирање на друга апликација за правење на видео од нешто на екранот, беше непотребно комплицирана.

Тестирањето на оваа новина, како и секогаш се прави преку Insider Preview верзиите од Windows, а останатите корисници можат да ја очекуваат во иднина. Засега нема информации кога може да се очекува додавањето на функцијата, па претпоставуваме дека ќе биде во месеците што следат.

Инаку, нема нешто повеќе информации за тоа каква ќе биде функцијата во Snipping Tool. Јасно е дека ќе може да се снима одреден дел од екранот или цел, по што се добива преглед од снименото видео, па ако се е во ред може да се зачува.

Какви ќе бидат резолуцијата и форматот на видеото, како и можностите за измена, ќе дознаеме во периодот што следи.

Сепак, со оглед на тоа што целта на Microsoft со Snipping Tool е да овозможи едноставна апликација, не треба да се очекуваат повеќе можности од едноставно снимање, а реално и нема потреба.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаFTC донесе одлука да го блокира купувањето на Activision Blizzard од страна на Microsoft
Следна статијаНови слики од Google Pixel Fold и најава за претставување во мај идната година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.