Microsoft тестира нова можност за префрлување на датотеки помеѓу различните уреди кои во денешно време е нормално да ги имаат корисниците. Секој во најмала рака денес има еден компјутер и еден смартфон, а не е ретко да се има по уште некој уред, посебно ако работата тоа го бара.

Новата функција на Edge е наречена Drop и се појавува на горната лента од прелистувачот каде се прикажуваат инсталираните додатоци. Може да се вклучи преку притискање со десен клик на лентата, па на „Customize toolbar“ или преку Settings > Appearance.

Drop во основа функционира многу едноставно. Се што треба е да се „повлече“ некоја датотека или истата да се избере преку притискање на „+“ иконата. Оваа датотека потоа ќе може да се отвори од било кој уред на кој е инсталиран Edge, а исто така ќе биде достапна во нова посебно креирана папка во OneDrive, Microsoft Edge Drop Files.

Од ова станува јасно дека Drop функционира преку интеграција со OneDrive, па корисникот ќе мора да биде најавен со неговата Microsoft сметка за да може да ја користи функцијата. Исто така, на OneDrive ќе мора да има доволно празен простор за да може да ги испраќа датотеките.

Покрај испраќање на датотеки, Drop има е дел за испраќање на белешки, нешто што е корисно доколку често се користи функцијата, па белешките може да служат како еден потсетник што и зошто е испратено.

Иако оваа нова функција е корисна, сепак во денешно време корисниците имаат повеќе начини да си испратат на себеси датотека, за разлика од порано кога тоа се правеше преку имејл. Корисниците можат да го користат OneDrive без оваа функција, како и било кој друг сервис, а тука се и апликациите како Phone Link од Microsoft, како и интеграцијата која ја нуди Apple за своите производи.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаМаск побарал прекин на новите вработувања во Tesla и намалување на 10% од вработените
Следна статијаСписанието за одржлив развој Лице в лице, ја стартува акцијата: Лето со „Лице в лице“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.