Shutterstock.com

Microsoft веќе неколку години својот познат Office пакет го продава по нов модел со месечна претплата. Пакетите со претплата им се достапни на сите видови на корисниците, односно има пакети за домашните, како и за бизнис корисниците. Покрај тоа што може да се плаќа месечно, Office претплата може да се плати однапред за целата година, со што се добива попуст од два месеци.

Предноста на овој начин на купување на Microsoft Office е што апликациите редовно добиваат нови функции, односно се ажурирани, но исто така корисниците добиваат и 1TB простор за податоци на OneDrive, 1 час разговори со телефонски броеви на Skype и Outlook.com веб страна без реклами.

Сепак, на одредени корисници не им се потребни сите овие функции, па се што им треба е да ги користат, на пример, трите најпознати апликации од Office, односно Word, Excel и PowerPoint. Ова секако можат да го прават бесплатно преку веб верзиите од овие апликации, но сепак тие што може да се инсталираат на компјутерот доаѓаат со додатни функции, а и едноставно некои корисници не сакаат да користат веб верзии.

Microsoft Office и сега има верзија која еднаш се купува, Microsoft Office 2019, но истата беше пуштена во 2018 и веќе е застарена.

Од компанијата кратко најавија дека идната година планираат да пуштат нова верзија од Office која е без претплата, со што корисниците кои ги користат овие апликации на овој начин, ќе ги добијат сите нови функции кои во меѓувреме им станаа достапни на корисниците на Microsoft 365 пакетите.

Повеќе информации за што точно може да се очекува од новата верзија нема, а со оглед на тоа што сепак сме далеку од нејзиното пуштање, не се ни очекува. Во меѓувреме сигурно ќе почнат да излегуваат неофицијални, па и по некоја официјална информација, па ќе добиеме претстава што може да се очекува.

ИЗВОРPCMag
ИЗВОР 2Gizmodo
Претходна статијаМакедонски Телеком ќе користи обновливи извори на енергија за своите дата центри
Следна статијаNASA тестира нов материјал кој ќе овозможи свиткување на крилата на авионите за време на лет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.