NASA во соработка со Boeing и уште неколку други компании од САД, работат на авион кој ќе има крила кои можат да се свиткаат на нивните краеви додека лета. Тие веќе започнаа со тест летови, меѓутоа на мал авион дрон кој сепак треба да ја покажува успешноста на развиената технологија.

Целта на една ваква можност кај авионите, нешто што одамна е цел на обиди, е повеќекратна. Главната предност ќе ја имаат суперсоничните авиони, кои сега за сега се само воени, но веќе има најави дека во декадата што следи ќе видиме враќање на комерцијалните летови побрзи од звукот.

Сепак, предност би имале и сегашните авиони кои во лет ќе можат да ги прилагодат крилата, а со тоа и нивната аеродинамичност, зависно од условите при летање, како што се, на пример, силни ветрови и слично.

Причината поради која досега вакво нешто не е изведено, иако одамна се планира, е механизмот кој треба да ги движи краевите на крилата е доста сложен и тежок, па предностите кои би се добиле, нема да направат разлика со тоа што ќе се изгуби.

Од NASA и другите компании имаат развиено посебна легура, односно лесен материјал кој лесно може да овозможи придвижување на крилата, без потреба од големи и тешки механизми и машини.

Материјалот е наречен „shape memory alloy“ и функционира со помош не промена на температурата, нешто што ја трга потребата од поголеми и потешки механизми.

Како и сите вакви иновации, оваа исто така е во фаза на развој, но уште сега можеме да видиме каква технологија би имале авионите во иднина, кои ќе бидат повеќе аеродинамични, а со тоа и поекономични.

ИЗВОРNASA
Претходна статијаMicrosoft Office без претплата ќе добие нова верзија идната година
Следна статијаКина најави дека планира да има неутрален јаглероден отпечеток до 2060
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.