internet_explorer_11_logo

Можеби еден од најголемите проблеми со кои што се соочува Microsoft е мотивација на корисниците да ги користат најновите верзии од некои од производите. Ова посебно стана проблем од претставувањето на Windows 8 или како што некои го нарекуваат втор Windows Vista, поради малата популарност кај корисниците. Поради тоа поголемиот дел од нив решија да останат на Windows 7, како и на некоја од постарите верзии од оперативниот систем.

Сличен проблем се јавува и кај верзиите на Internet Explorer кои што се користат. Во овој случај не се работи за поголема популарност на постарите верзии, туку во типот на корисници на овој интернет прелистувач. Најчесто корисници на IE се компаниите кои што мораат да го користат поради одредени веб апликации, како и корисници кои што не се разбираат многу во компјутерите, па го користат прелистувачот кој што им доаѓа со оперативниот систем, што во случајот со Windows е Internet Explorer.

Кога ќе се земе фактот дека повеќето корисници не ја користат најновата верзија од Windows, бројката е распоредена низ повеќе верзии, вклучувајќи ја и XP верзија за која што поддршката заврши во Април оваа година. Ова значи дека сите корисници на Windows користат различни верзии и од Internet Explorer. Од Microsoft се обидуваат на разни начини да ги мотивираат корисниците да почнат да ги користат најновите верзии од софтверските решение кои што се достапни, меѓутоа искуството покажува дека тоа не им оди баш најлесно.

Денес од компанијата информираа дека во наредните година и пол планираат да ја прекинат поддршката за постарите верзии од Internet Explorer. Тоа значи дека поддршка ќе има онаа верзија од прелистувачот која што е најнова за соодветниот оперативен систем. Најстарата верзија од IE која што ќе има поддршка ќе биде 9-тата, која што ќе може да се користи само на Windows Vista SP 2 и Windows Server 2008 SP2. Корисниците на Windows 7, 8, 8.1 ќе мора да ја инсталираат 11-тата верзија од интернет прелистувачот.

Поддршката за верзиите на Internet Explorer постари од 9-тата истекува на 12-ти Јануари 2016 година, по што тие верзии веќе нема да добиваат технички и сигурносни надградби. Во продолжение можете да ја погледнете листата на верзии на кои што ќе биде достапен IE по наведената дата:

Верзија на Windows Верзија на Internet Explorer
Windows Vista SP2Internet Explorer 9
Windows Server 2008 SP2Internet Explorer 9
Windows 7 SP1Internet Explorer 11
Windows Server 2008 R2 SP1Internet Explorer 11
Windows 8.1
Internet Explorer 11
Windows Server 2012Internet Explorer 10
Windows Server 2012 R2Internet Explorer 11

Извор: ZDNet, MSDN

Претходна статијаNavdy е проѕирен екран за вашиот автомобил со кој што ќе го задржите погледот на патот
Следна статијаMicrosoft Research развива технологија која што треба да ги промени екраните на допир
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.