office-iphone

На настан за новинарите, кој што ќе биде прв за новиот директор Satya Nadella, ќе биде претставена Office апликацијата специјално направена за iPad уредите. Настанот треба да се одржи на 27-ми Март, а информациите за претставувањето на оваа апликација сепак не се официјални, односно тие доаѓаат од извори на порталот The Verge. Office апликација веќе одреден период е достапна за iPhone, како и за Android мобилните телефони. За користење на оваа апликација корисниците мора да се имаат претплатено на некој од пакетите на Office 365, што значи дека нема секој да може да ја користи. Office како апликација е достапна и на Windows Phone и е претставена како една од предностите на уредите со овој оперативен систем.

Најава за претставување на посебна Office апликација за iPad има веќе одреден период, па поради одложувањата почнаа да се јавуваат и одредени шпекулации околу можноста за претставување. Она што е интересно е што iPad верзијата ќе биде претставена пред верзијата направена за таблет компјутерите кои работат на Windows 8 оперативниот систем. Иако Windows 8 таблет компјутерите ја вклучуваат целосната верзија од Office пакетот, сепак во најава е намалена верзија специјално направена за корисниците на екрани на допир, односно „модерна“ верзија.

Достапноста на софтверските решенија на Microsoft на повеќе платформи е дел од стратегијата на новиот директор, односно стратегијата на “мобилни на прво место, cloud сервиси на прво место“. Во тој правец беше и претставувањето на OneNote апликацијата за Mac компјутерите, што ги прави овие апликации достапни на повеќе платформи, наместо ексклузивно на Windows уредите.

Извор: The Verge

Претходна статијаВизит карта на која ќе можете да играте Tetris
Следна статијаМИТ: Евтин систем за прочистување на вода, филтрира 99% од бактериите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.