Минатиот месец Microsoft најави дека планира унифицирање на кодот на Edge прелистувачот на сите платформи, сега кога верзијата направена на основа на Chromium е единствената која ја развиваат од компанијата.

Различен код од прелистувачот од останатите верзии има кај Android и iOS верзиите. Microsoft ги претстави овие верзии уште пред префрлувањето на Chromium, па тие останаа непроменети.

Сега Microsoft Edge ќе го користи Chromium кодот за својата Android верзија, а во иднина ќе видиме дали ќе има промени и кај iOS верзијата. Со ова ќе се овозможи полесно развивање на различните верзии, а и надградби во исто време со десктоп на Android.

Првата тест верзија веќе е достапна во Play Store и истата е под Canary каналот. Тоа значи дека апликацијата е во тест фаза и не се препорачува да се користи како главен прелистувач. Истата ќе добива надградби скоро секој ден.

Од тоа што може да се види Microsoft го задржува дизајнот на апликацијата и со Chromium кодот, кој се разликува од Google Chrome. Може да се забележи истата можност за прилагодување на главната страна исто како на десктоп, односно корисниците можат да изберат од неколку можности за прикажување на најчесто посетуваните страни, вести, како и дневната слика од Bing.

Тука се и прилагодувањата кои ги има во официјалната верзија и се карактеристични за Edge, па корисниците најверојатно и нема многу да забележат разлика.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаФИТР и Силк Роуд Банка со нова соработка за олеснет пристап до финансии на иновативните компании
Следна статијаНадградената Timelaps функција на Google Earth овозможува поглед на било кој дел од Земјата во последните 37 години
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.