Microsoft Edge е достапен на сите платформи кои се користат во денешно време, односно скоро сите. Овој прелистувач може да се симне на Windows, macOS, Android, iOS и Linux. Сепак, кодот на којшто е направен не е истиот, односно Microsoft посебно ги развива посебните верзии.

Истиот код се користи кај десктоп верзијата од Edge, но затоа посебен е кодот кај Android верзијата и iOS верзијата. Ова покрај тоа што прави повеќе работа за програмерите во компанијата, доведува и до тоа да истите функции не се достапни и на мобилните верзии, барем не веднаш кога ќе станат достапни и на десктоп.

Од компанијата најавија дека планираат да го користат истиот код за сите свои верзии, а ова унифицирање треба да се случи до крајот на годината. Со тоа корисниците можат да ги очекуваат истите функции без разлика на која платформа го користат Microsoft Edge.

За месеците што следат се најавува достапност на посебна бета верзија која ќе ги има најавените промени, па корисниците ќе можат да ја инсталираат посебно од стандардната верзија.

Презентацијата на промените можете да ја погледнете во продолжение.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаПознатиот лав во логото на MGM заменет со компјутерски генериран лав
Следна статијаSkype на десктоп го доби поништувањето на бучавата од Microsoft Teams
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.