internet_explorer_11_logo

Internet Explorer прелистувачот од Microsoft, се’ уште успева да го задржи својот пазарен удел во време кога Firefox и Chrome се користат од се поголем број на корисници. Меѓутоа да не доаѓаше инсталиран заедно со Windows, најверојатно многу мал број на луѓе би решиле посебно да го симнат и да го користат како нивниот главен интернет прелистувач. Во главно корисниците на IE се компании кои што мораат да го користат поради веб апликациите кои што ги користат, како и луѓе кои што се научени на него кога беше главниот прелистувач на пазарот.

После станувањето на главниот прелистувач кај поголемиот број на корисници на интернет, од Microsoft како да заборавија дека тој треба да биде надградуван и одржуван во тек со технологиите кои што се појавуваат. После појавувањето на Firefox, како и Chrome јасно стана дека поголемиот број на корисници, а посебно помладите, ќе ги користат овие две алтернативи. Иако најновите верзии на IE се одлично направени и во тек со интернет технологиите, сепак од Microsoft дозволија да поминат премногу години пред тоа да го направат, па сега навистина е тешко да ги натераат корисниците да му дадат втора шанса. Исто така овој прелистувач ја нема огромната база на додатоци и апликации кои што се достапни на другите прелистувачи, па според нас тоа е уште една голема причина зошто да не го користите овој прелистувач.

Тимот кој што стои зад развојот на Internet Explorer во Microsoft одржа Reddit AMA (прашај ме било што) сесија на која што одговараа на прашањата поставени од учесниците. Она што беше интересно, а и не толку изненадувачки е тоа дека од компанијата имаат разговарано за ребрендирање на прелистувачот, односно за менување на неговото име. Тоа би било направено со цел да се обидат да се тргнат од неговиот негативен углед и да ги мотивираат корисниците да го пробаат. Сепак одлука за менување на името не е донесена, а од тимот истакнуваат дека никогаш не се знае што може да се случи во иднина.

Исто така на Reddit беше најавено дека Internet Explorer ќе биде додаден на User Voice платформата, па корисниците ќе можат да ги даваат своите предлози за нови функции и подобрување на старите. Оваа платформа се покажа како клучна во воведувањето на доста од новите функции во Windows Phone 8.1.

Извор: Ars Technica, WPCentral, TechCrunch

Претходна статијаНови неофицијални слики од iPhone 6
Следна статијаIntel и компанијата на 50 Cent претставија слушалки кои што го мерат пулсот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.