image-89-480w

iPhone 6 кој што се очекува да биде претставен идниот месец, поточно на 9-ти Септември, според сите информации повторно ќе вклучува две посебни верзии, односно една главна и една помала и поевтина верзија. За оваа верзија од овој уред се очекува конечно да се приклучи на трендот на поголеми екрани со претставување на 4,7 и/или 5,5 инчен екран. Наредната верзија од iPhone исто така ќе работи на најновата верзија од мобилниот оперативен систем од компанијата, iOS 8, која што моментално е во бета верзија и ќе биде достапна за корисниците од оваа есен.

Денеска повторно се достапни слики за кои што се верува дека се од iPhone 6, а доаѓаат од порталот TMZ. Телефонот наводно е прошверцуван од кинеската фабрика Foxcon каде што се произведува дел од уредите, од страна на поранешен нивни вработен. Од сликите може да се види дека се работи за поголем уред од моменталниот, а исто така вклучен е и нов сензор на прдната страна за кој што нема информации за што се работи. Исто така според информациите до кои што имаат дојдено од TMZ, уредот треба да биде и полесен од моменталната верзија.

Во продолжение можете да ги погледнете сликите и самите да оцените дали се работи за вистински слики од iPhone 6 или се работи само за некој кој што сака да добие внимание од оваа популарна тема.

Извор: TMZ, Mashable

Претходна статијаTechnology Preview од Windows 9 достапен до крајот на Септември
Следна статијаMicrosoft има размислувано за ребрендирање на Internet Explorer
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.