Microsoft оваа недела го претстави Microsoft Defender за приватните корисници. Ова софтверско решение е замислено како едно централно место преку кое ќе може да се менаџира безбедноста на сите уреди кои ги има корисникот, како и на семејството.

Microsoft Defender, иако е бесплатен како додаток, може да се користи само со постојна претплата на Microsoft 365, односно е достапен за корисниците на Office пакетите.

Апликацијата е достапна на сите платформи, односно на Windows, macOS, iOS и Android. Сепак, апликацијата изгледа исто, но се користи за различни работи на различните платформи.

Може да се каже дека главната намена на оваа апликација е да се гледа безбедносниот статус на сите уреди од едно централно место. Па така, на Windows оваа апликација не ја менува веќе вградената, па преку неа може да се гледа статусот на Windows Security, како и на другите поврзани уреди.

На macOS, покрај за истата намена, може да се користи и како анти-вирусна апликација, односно корисниците може да го скенираат нивниот систем за вируси, а работи и во позадина скенирајќи ги сите нови апликации, како и интернет комуникацијата.

На iOS од друга страна, како и на iPadOS, апликација овозможува само скенирање на веб страните и заштита од малициозни страни, што значи апликацијата е тука да овозможи централно место за следење на другите уреди.

На Android, Microsoft Defender може да се користи и за заштита од вируси, што значи дека овозможува замена на некоја од другите апликации, а секако тука е и главната намена на апликацијата, следење на безбедноста на другите уреди.

Microsoft Defender е достапен на овој линк, па доколку веќе плаќате Microsoft 365 пакет, можете да ја пробате оваа нова апликација.

Претходна статијаИнтернет пристапот од Starlink достапен и во Македонија
Следна статијаНово истражување на Македонски Телеком за дигитална зрелост на малите и средни компании
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.