Во овој момент доколку сакате да го користите новиот RCS систем, наместо SMS, тоа можете да го направите преку Messages апликацијата од Google. Сепак не е чудно што оваа апликација е првата која ја доби поддршката, сепак системот е развиен од страна на Google.

Во нашата земја поддршка за RCS воведоа Македонски Телеком, како и А1 Македонија, па доколку ја инсталирате Messages апликацијата од Google, истиот ќе можете да го користите.

За потсетување, RCS системот ја користи вашата интернет конекција за да ги испраќа пораките, па поради тоа истите може да содржат и поголеми датотеки, како слики на пример, до 100 мегабајти, а тука се и додатни предности како можност за гледање кога другата страна пишува и кога ја има видено пораката.

Кога не е достапна интернет конекција или кога другата страна не користи RCS, тогаш пораките се испраќаат преку SMS.

Една од „мааните“ на овој систем е што комуникацијата не е шифрирана, но од Google почнаа да го менуваат тоа, па во месеците што следат и тој дел ќе биде среден.

Дека во ширењето на употребата на RCS ќе се приклучи и Samsung веќе беше најавено со што се знаеше дека тоа ќе значи воведување на поддршка за овој систем во Messages апликацијата од оваа компанија.

Најавата не содржеше некакви информации за тоа кога може да се очекува воведувањето на поддршката за RCS, па сега конечно имаме некакви информации кои сепак не се од Samsung.

Како што објавуваат од Android Central, поддршка за RCS веќе е почната да им се пушта на одредени корисници, што значи дека истата е спремна, па сега поминува во тест период. Тоа значи дека во блиска иднина корисниците веќе нема да мора да ја симнуваат посебно апликацијата од Google, а RCS системот ќе може да го користат директно преку вградената апликација од Samsung.

Кога ќе се земе во предвид бројот на корисници кои користат уред од Samsung, ова може да се каже дека е нешто што ќе придонесе до огромно проширување на употребата на RCS.

Единствено што останува како прашање е колку корисниците ќе го користат овој систем за почесто комуницирање со оглед на повеќегодишната популарност на Facebook Messenger, Viber, WhatsApp и другите.

Како и да е, SMS комуникацијата ќе биде заменета со помодерен систем, а може да привлече повеќе корисници кои имаат кратка комуникација со луѓе кои ги немаат на Facebook, па сега веќе и нема да мора да користат Viber или слично.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаВо нови неофицијални слики прикажани сите бои во кои треба да дојдат Galaxy S21 телефоните
Следна статијаGoogle ја купи Neverware, компанија која овозможува инсталација на Chrome OS на стари Windows 7 компјутери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.