Фото: Bleeping Computer преку KrebsOnSecurity

Едно од најпознатите софтверски решенија за интернет безбедност, Norton 360, реши да во својот пакет вклучи и софтвер за копање на крипто валути, без истото посебно да го рекламира или да го направи да се инсталира по избор.

Ова очекувано предизвика критики кон оваа компанија и со право се истакнува дека вакво нешто е неприфатливо да се прави од софтвер кој е наменет да се грижи за безбедноста на компјутерот на интернет.

Norton Crypto е името на софтверот кој се инсталира заедно со Norton 360 пакетот за интернет безбедност и добро е што тој сепак не се активира автоматски, туку се работи за функција која корисниците треба самите да ја вклучат.

Доколку корисниците се решат да го вклучат Norton Crypto, софтверот ќе „копа“ крипто валути, конкретно Ethereum, а заработката ќе ја чува во посебно креиран крипто паричник за кој се истакнува дека е сложено корисникот сам да го креира.

Заработката исто така е предмет на „даночење“, односно Norton зима 15%, со што на крајот излегува дека ова е дополнителен начин за заработка на компанијата.

Главниот проблем е во тајноста на оваа функција која и не треба да е дел од софтвер за интернет безбедност. Од компанија доколку сакаат да им понудат на корисниците едно вакво и безбедно решение, можат да го направат како посебен сервис, кој посебно се симнува.

Дополнително, бришењето на Norton Crypto не е баш едноставно, односно корисници треба да ја исклучат заштитата на Norton 360 и да ја избришат датотеката од папката на софтверот.

Ова, заедно со уште неколку други случувања поврзани со компаниите за интернет безбедност, се повеќе прави да домашните корисници најдобро решение им е да останат со сега одличниот Microsoft Defender кој доаѓа со Windows 10 и Windows 11.

После долги години на слаби оценки за способноста да го штити компјутерот на корисникот, Microsoft Defender изминатите неколку години ги добива највисоките оценки, па корисниците можат да бидат сигурни дека и да не инсталираат дополнителен софтвер, ќе останат доволно заштитени.

ИЗВОРKrebsOnSecurity
Претходна статијаФедерален судија во САД одобри продолжување на тужбата за монополска позиција на Meta од страна на FTC
Следна статијаMicrosoft тестира VRR кај Edge прелистувачот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.