Signal е апликација за разговори која се смета за број 1 кога е во прашање нејзината безбедност, односно можност за добивање на пристап до разговорите кои се шифрирани. Апликацијата е целосно со отворен код, со што се добива можноста за потврда на тврдењата на компанијата, а тука е и протоколот којшто се користи и од други апликации.

Израелската безбедносна компанија Cellebrite излезе со тврдење дека тие кончено успеваат да ја пробијат оваа апликација и да добијат пристап до разговорите. Со тоа сега ќе може да се добие пристап до разговорите на криминалците, како и групите што протестираат, истакнуваат од компанијата, поради тоа што оваа апликација се смета дека најмногу се користи од такви корисници.

Од компанијата за кратко време го тргаат објавеното, па се поставува прашањето дали тоа е направено затоа што не е точно или баш затоа што методот функционира.

Од Signal ги негираат тврдењата, а главниот аргумент кој може да се каже дека им е логичен, е дека пробивањето е направено на Android уред кој е отклучен.

Неколку безбедносни експерти со кои има разговарано BBC истакнуваат дека тоа што е објавено од страна на Cellebrite делува возможно, но исто така се наведува дека Signal останува да се смета за една од најбезбедните апликации за разговори.

Позитивната работа во целата работа е што ако сметаме дека пробивањето навистина се има случено, тоа сепак е направено со уред до кој тие имаат пристап. Тоа значи дека разговорите кои се прават преку оваа апликација остануваат безбедни, се додека некој не добие физички пристап до уредот.

Од тој аспект, ова може да се каже и дека не е некако проблем, сепак апликацијата факт е дека во одредени ситуации се користи од криминални групи, па не е лошо да се има можност да се пристапи до тие разговори, кога е навистина важно.

Што се однесува до новинарите и тие што протестираат во не баш демократски земји, би било препорачано да ја користат функцијата за автоматско бришење на пораките по одреден период, па дури и да е запленет телефонот, ќе нема што да се открие од него.

ИЗВОРBBC
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаНаши млади иноватори се победници на натпреварот „Идеи за акција“ на Светска банка
Следна статијаКалифорнија ја издаде првата дозвола за комерцијално функционирање на автономно возило за достава
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.