Nuro

Во државата Калифорнија во САД, со дозвола од Секторот за моторни возила, ќе започне да функционира првото возило без возач, во комерцијална форма за достава. Ова е првата дозвола која е издадена од DMV за комерцијално функционирање.

Компанијата е Nuro и исто така е од Калифорнија, основана во 2016. Nuro развива и посебно возило специјално за достава на пратки, кое е стигнато до втората верзија, а е наречено R2.

За почеток, од идната година Nuro ќе ги користи нивните прилагодени за автономно возење Toyota Prius возила, а R2 се планира да се почне да се користи во блиска иднина. R2 е многу помало и компактно возило кое е развиено со идејата дека нема потреба од возач, како и патници, туку само простор за пратки.

Компанијата дозволата ја доби во две општини кои се во нивната околина, а исто така почетокот на работа ќе биде со еден партнер, кој сега за сега не е објавен од страна на Nuro.

Дозволата на Nuro ги опфаќа официјалните патишта во двете општини, а исто така ќе може да се вози само во ситуации кога се погодени временските услови, што во Калифорнија тоа би било прилично често.

Исто така, возилата се ограничени на околу 40 километри на час, за безбедност на учесниците во сообраќајот во околината.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2Nuro
Претходна статијаИзраелска безбедносна компанија тврди дека успешно ја имаат пробиено најбезбедната апликација за разговори Signal
Следна статијаСедум македонски стартапи успешно ја завршија регионалната акцелераторска програма на Сеавус Акцелераторорт
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.