Google ги претстави Instant Apps на својата I/O конференција минатата година. Се работи за мобилни апликации кои можат да бидат стартувани на мобилниот уред без инсталација, само со притискање на линк во веб прелистувачот или во друга апликација.

Начинот на којшто функционираат овие апликации, односно тоа што им овозможува да бидат на еден начин „стримувани“ од интернет е преку поделба на апликацијата на многу помали делови. Зависно од моменталната потреба, соодветниот дел му е пуштен на корисникот, а поради малата големина на тие делови, можно е нивно „инстантно“ вклучување преку интернет.

Бројот на програмери кои го прифатија овој начин на функционирање на своите апликации не е нешто голем, но сепак и официјалното пуштање на алатката од страна на Google не е толку одамна.

Нешто што сигурно ќе ги мотивира програмерите да почнат да ја користат Instant Apps алатката е интеграцијата во Play Store.

Google ќе вклучи посебно копче до секоја апликација која е направена како Instant App, преку кое корисниците ќе можат веднаш да ја пробаат апликацијата без истата да ја инсталираат. Копчето соодветно е наречено “Try it Now” и моментално е достапно во најновата верзија од Play Store и на многу мал број на апликации.

Како и да е, ова е одлична можност која ќе ни овозможи да било која апликација прво видиме дали ни се допаѓа пред да се решиме да ја инсталираме. Поточно, оваа можност ќе ни скрати од времето потребно да инсталираме одредена апликација, па доколку не ни се допаѓа истата да ја бришеме или непотребно да ја оставиме да зафаќа простор на нашиот мобилен уред.

Извор: Engadget, TechCrunch

Претходна статијаТим Кук веќе го подготвува неговиот наследник на позицијата CEO на Apple
Следна статијаСамсунг го претстави новиот Галакси Таб А – 8 инчен таблет дизајниран за секојдневните потреби на целото семејство
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.