Кук

Кук

По смртта на Стив Џобс кој беше лицето на компанијата, Apple може слободно да се каже имаше проблем со изборот кој да ја наследи легендата на тешката позиција CEO. Самиот избор предизвика голем интерес во јавноста, а не е ни чудо, најмногу поради дилемата кој е тој човек којшто ќе може да ја продолжи работата со исто темпо и успех како основачот на компанијата лично.

Нема да навлегувам во дискусија за тоа како Тим Кук ја води компанијата и дали ги оправда очекувањата на јавноста, тоа претпоставувам дека секој заинтересиран на оваа тема си има веќе изградено мислење.

Најверојатно за да не дојде повторно до слична ситуација, Тим Кук уште од сега размислува за тоа кој би можел да го наследи него како CEO на Apple, кога ќе дојде време за тоа.

Тој во интервју за BuzzFeed News кое му беше направено при отворањето на нова продавница на Apple во Њујорк, истакнал дека целта му е да подготви што е можно повеќе луѓе како можни негови наследници.

„Ја гледам мојата улога како CEO да подготвам што е можно повеќе луѓе кои би можеле да бидат CEO и тоа веќе го правам. Тогаш бордот ќе донесе одлука во тој период.“

Иако според одредени портали, веќе има одредени имиња кои се во игра, ние не би ги спомнувале со оглед на фактот што изборот на нов директор на Apple е далеку во иднината, па којзнае колку од тие имиња ќе се променат до тогаш.

Извор: Mashable

Претходна статијаApple ја намалил прецизноста на Face ID за да може да постигне со производството на iPhone X
Следна статијаInstant Apps во Play Store донесуваат можност да се проба апликација без нејзина инсталација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.