Фото: Shutterstock.com

Разгледувајќи го кодот на Google Play Services, поточно APK датотеката, Android Authority откриваат нова функција на која работат од Google. Се работи за функцијата која веќе одреден период им е достапна на корисниците на Apple под името „Hide My Email“. 

Во случајот на Google, функцијата треба да го има името „Shielded Email“, а истата им овозможува на корисниците да генерираат имејл адреса по случаен избор и да ја искористат наместо нивната кога се регистрираат на одреден сервис. 

Ова е одличен начин за заштита од спам пораките кои често се резултат од регистрирањето на сервиси, а исто така и добар начин да се зголеми приватноста на интернет, како и безбедноста. Главната имејл порака не се користи на повеќе сервиси, а истата е заштитена и во случаеви на пробивање на сервисите. 

Пораките кои се испраќаат на избраната адреса се препраќаат на главната адреса од корисникот, а тој во било кое време може да го исклучи добивањето на пораки за таа адреса. 

Фото: Android Authority

Од тоа што го имаат откриено од Android Authority, Shielded Email треба да биде дел од Gboard тастатурата од Google, а се очекува да може да се користи и на дополнителни начини. 

Со оглед на тоа што оваа новина се’ уште не е вклучена, не е познато кога истото го планираат од компанијата. Сепак, со оглед на напредокот во развојот на истата, личи дека може да ја очекуваме за оваа година. 

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2Android Authority
Претходна статијаТим Кук повторно со најава за претставување на нов производ, овој пат за оваа недела
Следна статијаMicrosoft ќе ја редизајнира Copilot апликацијата за Windows 11 откако ја претстави апликацијата за macOS
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.