Фото: Google

VPN апликации во Play Store ќе бидат посебно означени со нов беџ кој ќе биде поставен во редот каде сега се прикажани оценката на апликацијата, бројот на симнувања и слично. 

Ознаката ќе биде достапна само за одредени апликации и со тоа тие ќе се издвојат како безбедни и приватни. Корисниците кога ќе ја видат ознаката ќе можат да бидат сигурни дека симнуваат апликација која не е лажна пред се, а исто така дека истата овозможува цела низа на практики од основните кои се бараат од апликациите на Play Store. 

Ознаката, односно беџот е направен со икона од значка во која е поставена ознака за проверка, а корисниците лесно ќе ја забележат веднаш над копчето „Install“.

Од Google истакнуваат дека овие апликации се исто така независно проверени од страна на App Defense Alliance, нешто што дефинитивно може да се каже дека е важно за апликации какви што се VPN апликациите. 

Во објавата се истакнати три апликации кои ја имаат ознаката, односно NordVPN, hide.me и Aloha Browser, но верувам дека уште неколку од познатите VPN апликации ќе ја добијат оваа ознака. 

VPN апликациите со години имаат голема популарност, а корисниците во главно ги користат поради две причини. Едната е зголемување на приватноста при користење на интернет, нешто што не баш секогаш е случајот, а другата е можноста за отворање на содржина која не е достапна во целиот свет. 

Со оглед на тоа што овие апликации ја имаат можноста да го следат целиот интернет сообраќај на корисниците, станува јасно зошто е потребно навистина да се верува на компанијата која стои зад развојот. 

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаOpenAI го претстави OpenAI o3-mini јазичниот модел и овој пат ќе им биде достапен и на бесплатните корисници
Следна статијаКина разви ново оружје кое функционира со спојување на повеќе микробранови во една моќна и насочена енергија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.