OpenAI го претстави нивниот најнов јазичен модел од групата кои ја имаат способноста на расудување, односно подобро да ги разберат и анализираат прашањата пред да го дадат одговорот.
OpenAI o3-mini им станува достапен на корисниците, а според компанијата овој јазичен модел е побрз и дава поточни одговори од o1-mini. Подобрувањето на брзината на одговарање е за 24%, а во случајот со овие јазични модели тоа и доста прави разлика.
Овој вид на јазични модели е наменет за посериозни прашања, па затоа и се истакнува дека е одличен за програмирање, како и STEM науките. Одговорите се даваат побавно од класичните ChatGPT модели, а во процесот на одговарање се прикажува и процесот на „размислување“, односно може да се види како е разбрано прашањето и како се доаѓа до одговорот.
Една од поважните новини кои доаѓаат со OpenAI o3-mini е што ќе им биде достапен и на бесплатните корисници. Ова не беше случајот со претходниот OpenAI o1-mini, па корисниците кои не плаќаат за ChatGPT за првпат ќе можат да пробаат јазичен модел кој ја има способноста да расудува.
Во полето за текст корисниците можат да го вклучат копчето „Reason“ и со тоа да го пробаат новиот OpenAI o3-mini јазичен модел.
За корисниците кои плаќаат OpenAI ги зголемување ограничувањата за користење на новиот модел од 50 на 150 прашања дневно, додека Pro пакетот од 200 долари продолжува да нема никакви ограничувања.
Пуштањето на OpenAI o3-mini и за бесплатните корисници сигурно има поврзаност со DeepSeek R1кинескиот модел кој стана доста популарен минатиот месец, како и пуштањето на пристап до OpenAI o1 бесплатно за корисниците на Microsoft Copilot.
OpenAI o1 останува засега најспособниот јазичен модел од компанијата, а јасно е од додавката мини дека другите модели се помали и овозможуваат полесен и поевтин пристап до слична способност за сите корисници.