Google ја пушти тест верзијата за програмерите од својата нова SDK алатка со која корисниците треба да добијат многу подобро функционирање на апликациите на различни уреди. Од компанијата ја најавија оваа алатка за време на Google I/O оваа година.

Во основа, програмерите кои ќе почнат да ја користат оваа алатка и да ги искористат новините, ќе им овозможат на корисниците многу поедноставно корисничко искуство доколку имаат повеќе од еден Android уред.

Како примери кога оваа алатка ќе може да дојде до израз се откривање и комуникација со уредите во близина, споделување на моменталната состојба на една апликација со истата апликација на друг уред, вклучување на апликацијата на втор уред без потреба од оставање на истата да биде вклучена на првиот, започнување на една задача на еден уред и едноставно продолжување на друг.

Мора повторно да се направи споредба со Apple и нивните системи, каде ова е нешто што функционира беспрекорно, па за разлика од некои работи кои важат како доста подобри на Android, во овој случај корисниците на оваа платформа кончено ќе добијат корисничко искуство какво што имаат корисниците на Apple.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаНова бензинска станица на „Макпетрол“ во Велес
Следна статијаPickbox: Серии на Би-Би-Си што ќе ве однесат во 19. век
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.