За носталгичен крај на летото, Pickbox NOW и Pickbox TV ви носат четири мини-серии на Би-Би-Си што ќе ве вратат во 19. век! Станува збор за ТВ-адаптации на култни романи на Џејн Остин, Шарлот Бронте и Томас Харди што се фокусираат на прекрасната ера на романтизмот и носталгијата.

Гордост и предрасуда (Pride and Prejudice)

Мини серијалот награден со Еми, филмската адаптација на познатиот роман на Џејн Остин, се занимава со предрасудите што се појавиле меѓу класите во 19. век и гордоста што била толку силна што разделувала љубовници… Убавината, духовитоста и живоста на главната протагонистка Елизабет одлично се доловени со актерската изведба на Џенифер Еле. Колин Фирт е феноменален во улогата на господин Дарси, маркантен и резервиран, но интересен и длабок. Совршен роман, совршена серија!

Последната епизода се емитува вечерва во 19 часот на Pickbox TV, а цела сезона гледајте ја на Pickbox NOW.

Во главните улоги: Колин Фирт, Џенифер Еле, Сузана Харкер

Џејн Ејр (Jane Eyre)

Прекрасната ТВ-адаптација на романот на писателката Шарлот Бронте е за младата жена Џејн што станува гувернанта. Таа се вљубува во замислениот и енигматичен господин Рочестер, нејзиниот шеф. Се вљубуваат, но многу тајни лежат во неговото минато и ја загрозуваат нивната иднина. Феноменалната Рут Вилсон е одлична како Џејн Ејр – убедливо невина, но со оган и страст за голема љубовна приказна…

Гледајте ја серијата од 30. август до 2. септември во 19 часот, а во целост можете да ја погледнете на Pickbox NOW.

Улоги: Рут Вилсон, Тоби Стивенс, Лорејн Ешборн

Разум и чувства (Sense and Sensibility)

Прекрасна минисерија според романот на Џејн Остин што го објавила под псевдоним. Станува збор за сестрите Дешвуд, кои со својата мајка се преселуваат од нивниот голем дом во Сасекс во поскромна куќа во Девоншир. Целта на мајката е да најде соодветни сопрузи за девојките. Одлична актерска екипа, раскошни костими, прекрасна сценографија и безвременска приказна се идеалната комбинација! 

Гледајте ја серијата од 30. август до 2. септември во вечерниот термин, а во целост можете да ја погледнете на Pickbox NOW.

Улоги: Доминик Купер, Чарити Вејкфилд, Хети Морахан

Теса од Урбервилови (Tess of the D’Urbervilles)

Прекрасната и тажна приказна се врти околу девојката Теса. Кога нејзините родители дознаваат дека се во сродство со богатиот Алек Д’Урбервил, ја испраќаат да го посети. Тес не го сака човекот и се обидува да го одбие, но тој ја силува и таа останува бремена. Засрамена успева да се врати дома, но бебето умира. Таа оди на фарма, каде работи како млекарка и таму запознава човек во кого се вљубува. Но кога тој дознава за нејзиното минато, ја напушта… Брилијантна адаптација на култниот роман на Томас Харди.

Гледајте ја серијата од 30. август до 2. септември во вечерниот термин, а во целост можете да ја погледнете на Pickbox NOW.

Улоги: Џема Артертон, Еди Редмејн, Рут Џонс

Патувајте назад во носталгичното и романтично време на 19. век со овие прекрасни минисерии само на Pickbox NOW и Pickbox TV.

Претходна статијаGoogle ќе го подобри функционирањето на апликациите помеѓу различни Android уреди
Следна статијаDuckDuckGo ја пушти бета верзијата од нивниот сервис за заштита на имејл пораките за сите корисници