Фото: Shutterstock.com

Како што беше планирано, Google од вчерашниот ден започна со вклучување на нивната „Tracking Protection“ функција во Chrome, која сепак има не баш реално име кога ќе се спореди со истата функција кај другите прелистувачи.

Google Chrome не добива листа на „тракери“ кои ќе ги блокира, како и заштита од „fingerprinting“, па оваа новина се што прави е да ги исклучи „колачињата од трети страни“.

Сепак, ова не е мала работа и истата значително ќе ја подобри приватноста на корисниците и можноста на страните да ја следат нивната активност на другите страни.

Исклучувањето на овие колачиња ќе го ограничи нивното функционирање само на страната која го поставува, па нема да може да бидат поставени колачиња на другите страни кои ги отвора корисникот.

За почеток, оваа новина им е пуштена автоматски на 1% од корисниците, а според некои статистики тоа вклучува околу 30 милиони корисници во светот.

За останатите вклучувањето ќе оди постепено во текот на годината, па до крајот на истата Google Chrome веќе нема да има поддршка за колачиња од трети страни.

Поради можноста одредени веб страни да не функционираат, корисниците ќе можат привремено да овозможат поврзување на таа страна со колачињата, а истото ќе може да се направи преку иконата во лентата за адреси во форма на око.

Исклучувањето на колачињата е достапно одамна во прилагодувањата на Chrome, па корисниците не мора да чекаат тоа Google да го направи автоматски за нив, а верувам дека голем дел од корисниците веќе ја исклучуваат оваа функција на прелистувачот.

Google има уште една функција со која треба да се подобри приватноста на корисниците, без да се тргне можноста огласувачите да прикажуваат реклами кои им се важни на корисниците. Privacy Sandbox локално на уредот ги става корисниците во категории врз основа на страните кои ги отвораат, па огласувачите ги добиваат само овие категории, наместо директно страните.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаSamsung Electronics ја проширува линијата на гејмнинг монитори Odyssey со нови OLED модели на CES 2024
Следна статијаGoogle се договори за тужбата дека ги имаат следено корисниците во „Incognito“ режимот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.