При крајот на минатата година судот во Калифорнија го паузира судењето против Google од страна на група на тужители поради постигнат договор помеѓу двете страни.

Идниот месец треба да биде презентирано пред судот што е тоа што е договорено, доколку во меѓувреме нешто не се промени, по што ќе се знаат точните услови под кои ќе биде разрешена тужбата.

Тужбата е поднесена од група на корисници од Chrome претставувани од страна на компанијата Boies Schiller Flexner уште во 2020. Според истата Google се обвинува дека ги следи корисниците и во приватниот режим на „сурфање“, односно во Incognito режимот во Chrome.

Сумата на тужбата, односно оштетата која ја бараат корисниците изнесува 5 милијарди долари, па ќе видиме колку изнесува договорената сума идниот месец.

Интересно е да видиме што точно е договорено и поради фактот што приватните режими на прелистувачите се што менуваат е зачувувањето на страните кои ги отвора корисникот во самиот прелистувач. Тоа не им нуди никаква заштита од следењето кое се прави од страна на веб страните, па како ќе биде докажано прекршување на правилата од страна на Google е нешто што ме интересира.

ИЗВОРBBC
Претходна статијаGoogle ги исклучи „колачињата од трети страни“ за мал дел од корисниците на Chrome
Следна статијаApple Vision Pro станува достапен за корисниците од 2 февруари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.