Една новина која стана достапна со Android 12, чудно е што требаше да се чека дури до Android 13 за да биде пуштена како што треба. Конкретно се однесува на можноста за избор на различни бои извадени од позадината која се користи во моментот, бои кои ќе се користат и кај иконите од апликациите, наместо нивните оригинални икони.

Дури во Android 13 оваа можност беше овозможена за сите апликации, а не само кај тие од Google и производителот на телефонот, па кога ќе се избере измена на бојата на иконите, сега иста може да биде поставени за сите апликации.

Сепак, ова не се покажа во пракса баш најдобро, односно како што би очекувале. Програмерите на апликациите треба да направат мала измена за да може нивната икона да се прилагодува со бојата на системот, па не сите ја направија оваа промена. Главниот екран изгледа чудно и полошо отколку кога сите икони имаат своја боја, па ова прави да корисниците не можат баш целосно да ги искористат новините кои ги донесе најновата верзија од Android.

Firefox во својата најнова верзија ја донесе поддршката за промената на иконите, па сега иконата од оваа апликација ќе ја има бојата како и останатите икони.

За жал, Meta ги нема променето своите икони, па кога ќе се земе во предвид колку апликации има од компанијата, а скоро сите активно се користат од повеќето корисници, главниот екран не може да го добие унифицираниот изглед кој би можел.

Firefox во наредните неколку месеци ќе воведе уште една новина која е поврзана со оперативниот систем на кој функционира апликацијата. Во овој случај се работи за поддршка за системот за известувања на Windows 11, па известувањата од Firefox ќе се прикажуваат во дизајн стилот на системот и ќе ги има во центарот за известувања.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2gHacks
Претходна статијаПрви неофицијални слики го прикажуваат изгледот на iPhone 15 Pro
Следна статијаSamsung го најавува почетокот на продажбата на серијата Galaxy S23 во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.