По воведувањето на можноста за разговори помеѓу корисниците на Facebook и Instagram преку Messenger и Instagram, од компанијата сега ја продолжуваат најавената интеграција на нивните сервиси со можност за правење на групни разговори помеѓу овие две мрежи.

Корисниците сега ќе можат да започнат групни разговори, а во нив учесници да бидат корисниците од Facebook Messenger и Instagram. Функциите кои досега им беа достапни на корисниците на Messenger ќе може да се користат во овие групни разговори, како можноста за менување на темите, а сега ќе стане достапна и можноста за правење на анкети. Анкетите доаѓаат и кај разговорите преку Instagram.

За да можат да ја користат оваа новина, корисниците ќе мора да ги имаат поврзано своите две сметки, нешто што беше потребно и за комбинацијата на разговорите од минатата година.

Покрај оваа новина, Facebook најави дека корисниците на Messenger ќе добијат нова можност за точно гледање кој пишува во групните разговори, а тука се и новите можности за менување на изгледот.

ИЗВОРFacebook
Претходна статијаMicrosoft ги објави цените и функциите на Office 2021
Следна статијаПетти Медиумски фестивал Скопје, годинава со фокус на „жените во медиумите“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.