The Verge

Уште не почетокот на минатата година Facebook најави дека планира да ги спои, односно интегрира сервисите во нивна сопственост преку кои може да се прават разговори. Во основа се работи за три сервис, Messenger, Instagram и WhatsApp.

Изгледа конечно го гледаме барем почетокот од тој процес. Од порталот The Verge објавија дека дел од нивните автори, од различни делови на САД и корисници на Android и iOS, почнале да добиваат информација за надградба која можат да ја направат на нивниот Instagram.

По прифаќањето, наместо стандардниот систем за пораки кој е дел од Instagram, се користи Facebook Messenger, па соодветно е променета и иконата на горниот десен дел од апликацијата каде сега место старата икона, стои таа од Messenger.

Со тоа, корисниците на Instagram својата комуникација можат да ја прават преку Messenger апликацијата, а со тоа да ги добијат и предностите кои ги нуди оваа апликација, како повеќе бои, поголем избор од „emoji“ икони, повлекување на пораката за да се одговори и слично.

Иако е истакнато, во оваа фаза корисниците не можат да разговараат со корисниците на Facebook. Сепак, од најавата од минатата година, а и од информацијата која стои сега, јасно е дека тоа е и крајната цел.

Со оглед на тоа дека делот за пораки на Instagram е прилично основен и едноставен, сигурно корисничкото искуство ќе биде многу подобро преку Messenger, а исто така многу полесно поради директното отворање на разговорите, наместо прво Instagram апликацијата, па потоа разговорите.

Сега за сега нема информација кога оваа новина може да се очекува кај останатите корисници, но веруваме дека ќе биде „стандардно во месеците што следат“.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаWeekend Media Festival го прескокнува 13-тото издание и се враќа во септември идната година
Следна статијаУште една компанија, по Microsoft, во преговори за купување на TikTok
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.