Facebook ја пушти својата нова верзија од Messenger, која доста време ја чекавме, минатиот ноември. Истата беше значително поедноставена за разлика од претходната на која беа додадени многу повеќе функции од тие потребни за разговори. Оваа верзија понатаму доби и темна тема, нешто што е доста популарно изминатите години кај мобилните уреди.

Новата поедноставена апликација овој период станува уште поедноставна, па може слободно да се каже конечно, Facebook Messenger на мобилните станува тоа што требаше да биде цело време, а тоа е апликација наменета за разговори и ништо друго.

Дополнителното поедноставување на Messenger е преку тргањето на лентата Discover која беше единствената која остана да потсетува на претходната верзија. Во Discover беа достапни ботовите, игри, како и компаниите со кои може да се разговара.

Јасно им е на сите корисници дека сепак Messenger се користи за разговори, па овие додатни функции едноставно ја прават апликацијата наполнета со непотребни работи. Со тргањето на оваа лента апликацијата станува наједноставна што може, а корисниците имаат само две ленти, за разговорите и за пријателите.

Промената им се пушта на корисниците постепено, а кај нас веќе одреден период ја има, што значи дека голем дел од вас најверојатно исто така веќе ја имаат.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаКриптовалути од централни банки: Добра или лоша идеја? (дел 2/3)
Следна статијаПо долго време Instagram за Windows 10 доби надградба која целосно ја промени апликацијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.