Претпоставувам дека фановите на Star Wars сагата знаат и веќе се спремаат за излегувањето на последната епизода оваа недела, односно за излегувањето на Star Wars: The Rise of Skywalker, без разлика дали сте од групата која смета дека најновите филмови не се добри како старите.

Facebook во соработка со Disney, кои се сопственици на Lucas Film, направија посебна тема на Facebook Messenger која е во стилот на Star Wars, заедно со темата се менуваат и реакциите на пораките, а достапни се и посебни стикери, како и ВР ефекти за камерата.

Темата е направена со темна позадина со ѕвезди, а во темна нијанса се и разговорите. Стикерите секако треба да се симнат, а реакциите на пораките се вклучуваат со изборот на темата.

Изборот на темата се прави едноставно, односно на ист начин како што се менува и бојата на разговорот. Се што треба да направите е да притиснете на Info копчето во разговорот којшто сакате да го промените, па на првиот избор од менито, Theme.

„Возбудени ние сме, да ја прославиме премиерата на Star Wars: The Rise of Skywalker, овозможувајќи им на фановите можност да ја споделат нивната страст за филмот низ ограничена серија на Messenger функции кои вклучуваат тема за разговорите, реакции, стикери и ВР ефекти“. – истакнаа од Facebook.

ИЗВОРFacebook
Претходна статијаСветот во 2030 според Дојче Банк
Следна статијаОдржано стручно предавање за специјализанти во рамки на иницијативата „Македонски медицински амбасадори“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.