На почетокот од минатата година Microsoft најави редизајн на нивниот интернет прелистувач Edge. Година и пол подоцна, овој редизајн е откажан, односно од компанијата веќе не планираат да го пуштат.
Edge во меѓувреме доби доста мали подобрувања и освежувања на корисничкиот интерфејс, дел како тие од најавата минатата година, но главните промени сепак нема да бидат воведени.
Доколку Microsoft продолжеше со плановите, Edge ќе добиеше доста повеќе заоблени елементи кај корисничкиот интерфејс, како на пример на очигледни места како „табовите“, лентата за адреси и слично.
Заоблени агли доби делот за веб страните, па тоа спаѓа во промените кои сепак се направени.
Покрај оваа промена, Edge требаше да добие и елементи со мала проѕирност и заматеност, па прелистувачот ќе почнеше да изгледа повеќе во правец на дизајн стилот кој се користи кај Windows 11.
Зошто Microsoft ги откажа овие планови не е познато, а можам да кажам дека штета што е тоа случајот. Edge сега ќе остане во голем дел да изгледа како повеќето други прелистувачи, односно како Google Chrome на чиј код е и направен.
Можеби изгледот на Edge остана прилично непроменет, но затоа прелистувачот ги доби поголемиот дел од најавените функции, а посебно тие со вештачка интелигенција.