Одличниот Џон Просер, познат преку неговиот бренд fpt – front page tech, во неговото најново видео објавува целосен редизајн на апликацијата за камерата во iOS 19.
Тој истакнува дека има видено видео од новиот дизајн, но за да ги заштити неговите извори, не го прикажува тоа видео, па прикажува негова преработка врз основа на новините кои ги има видено.
Апликацијата добива целосна преработка, односно функционална, како и на корисничкиот интерфејс. Целата работа со апликацијата е поедноставена, а корисниците сега ќе имаат едноставна поделба за сликање и снимање.
Сепак, главната информација која може да се извади од видеото е редизајнот на апликацијата. Истата изгледа инспирирана од новиот стил кој Apple го користи кај нивниот VisionOS, а тоа значи доста поедноставни и проѕирни елементи.
Просер верува дека ова може да биде знак за редизајн на повеќе апликации од Apple за iOS 19, како и дополнителни елементи во целиот оперативен систем.
Вакво нешто веќе беше најавено за iOS 18, но како што видовме тоа не се случи, па не е чудо истото да се случи оваа година.
Видеото од Џон Просер е во продолжение.