Новиот visionOS систем кој Apple го разви за нивниот прв „просторен компјутер“ Vision Pro очекувано има одличен кориснички интерфејс. Покрај одредени елементи и решенија кои се уникатни за ваков вид на уреди, тоа што посебно се истакнува кај visionOS се проѕирните делови кои се користат кај повеќето апликации од компанијата.
Според неофицијални извори, овој стил Apple наводно ќе почне да го користи и кај другите системи од нивната наредна верзија, односно верзијата која ќе биде презентирана во јуни на WWDC.
Марк Гурман од Bloomberg веќе најави дека iOS 18 ќе биде најголемата надградба на системот досега, но тоа во главно засега се смета дека е поврзано со новите функции со вештачка интелигенција. Дали може да се очекуваат и промени во дизајнот на корисничкиот интерфејс, ќе почекаме уште малку за да дознаеме.
Доколку Apple сепак искористи дел од дизајн елементите на visionOS во iOS 18 и другите системи, од тоа што го гледаме како концепт, може да се каже дека промените ќе бидат одлични.