Фото: Apple

Пред официјалното пуштање на Apple Vision Pro, Netflix, Spotify и YouTube најавија дека тие нема да развијат посебни апликации за овој нов уред од Apple, па дури одбиваат да ги дозволат iPad верзиите да функционираат на уредот.

Популарноста на првата верзија од овој „просторен компјутер“ кој чини дури 3500 долари, а е произведен во мала количина, не беше баш јасно колку да се очекува. Сепак, по достапноста во продажба на почетокот на месецот Vision Pro доби доста голема популарност, добри оценки, а можевме да видиме и повеќе видеа од корисници на уредот на различни места, па дури и во автомобили.

Изгледа Vision Pro е многу повеќе популарен од што се очекуваше, па можеби тоа направи Google да се премислат, па од компанијата за The Verge потврдија дека апликацијата од YouTube за уредот е во план.

Не истакнаа кога може да се очекува пуштањето на истата, но сепак веќе не се на ставот дека не даваат поддршка за Vision Pro.

Апликациите за гледање на видео содржина се покажаа доста интересни и практични на Vision Pro. Корисниците добиваат можност за гледање на доста голем „екран“, но и можност да гледаат повеќе видеа во исто време, а посебно интересна е можноста за гледање на статистиката од натпревари во исто време додека се следи видеото.

Apple на денот на пуштањето на Vision Pro најави достапност на повеќе од 600 апликации развиени специјално за уредот, додека уште повеќе од 1 милион кои се iPad верзии компатибилни за функционирање на „просторниот компјутер“.

ИЗВОРApple Insider
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаQualcomm го најави доаѓањето на компјутери со нивниот Snapdragon X Elite со наредната верзија од Windows
Следна статијаФондацијата „Saint-Gobain Initiatives“ и Хабитат Македонија со нова донација ќе реновираат два објекти за социјално загрозени семејства во општина Чашка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.