Фото: Shutterstock.com

Во август и септември минатата година, една од најпопуларните апликации во светот, TikTok, стана уште повеќе популарна поради најавите од американските власти дека апликацијата ќе биде блокирана во САД доколку не биде продадена на американски партнер.

Ова беше позната политика на Доналд Трамп минатата година кој ја првадаше со ризиците кои ги има за корисниците од оваа кинеска апликација.

Работата отиде во правец на продажба на TikTok на Microsoft, нешто што подоцна пропадна, а одреден период како сериозни купувачи се јавија и Oracle. На крајот никој не ја купи апликацијата од кинеската ByteDance, а претседателот Бајден ги тргна одлуките од Трамп оваа година.

Директорот на Microsoft Сатја Надела, во разговор на Core Conference проговори и за овој случај. Тој истакнал дека тоа било најчудното нешто на кое имал работено.

Исто така, Надела истакнал дека ByteDance се тие кои дошле кај Microsoft со понуда за соработка, а не обратно. Од Microsoft сепак биле заинтересирани, а Надела го истакнал искуството кое неговата компанија го има со друштвените мрежи, а посебно искуството со сервиси во облакот и вештачка интелигенција.

Сатја Надела исто така говори и за специфичното гледање на работите од страна на Трамп, како и фактот дека после тоа наеднаш работите биле откажани.  

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2Gizmodo
Претходна статијаДруштвените мрежи се извор на забава, но и измама – Како да се заштитите?
Следна статијаAmazon го претстави малиот робот за домаќинствата Astro
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.