На настан на кој од компанијата претстави неколку нови производи, Amazon претстави и мал робот наречен Astro. Amazon Astro е робот кој е замислен да се користи во домаќинствата, за комуникација како со други слични производи во кои е вградена Amazon Alexa, па се до набљудување на домот кога сопствениците се излезени.

Amazon Astro е прилично мал робот, а е направен да сепак наликува на нешто кое има лице или барем очи каде што би била насочена комуникацијата, како и да се знае дека се има интеракција со вештачка интелигенција која со тек на време напредува и учи.

Од компанијата Astro го промовираат како робот за мониторирање на домот со помош на Alexa. Astro со помош на посебен систем на мапирање на домот може да се движи низ него без проблеми.

Една од повеќе корисните функции на Astro е можноста да преку мобилната апликација се насочи во одреден дел од станот за да се провери нешто, како на пример дали е исклучен шпоретот. За да може да се најде во било која ситуација, нискиот Astro има камера која може да се издолжи нагоре, па нема да бидат проблем и повисоките места во домот.

Amazon Astro исто така може да го следи домот за непознати личности во него, па со таа функција тој може да се смета и како безбедносен робот.

Со помош на Alexa, Astro може да се користи и како паметен асистент со кого може да се разговара, да се поставуваат прашање, да се прават видео повици и слично.

Amazon Astro ќе биде достапен за корисниците во САД по цена од 1.500 долари, а на почеток Amazon ќе го продава по цена од 1.000 долари.

ИЗВОРAmazon
Претходна статијаДиректорот на Microsoft ги коментира случувањата со TikTok од минатата година
Следна статија19та Меѓународна младинска конференција – Над 60 млади во Крушево ќе дебатираат за европската иднина и трансформација на регионот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.