Deezer, познатиот конкурент на сервисите како Spotify, додаде нова можност кај нивната веќе вградена функција за препознавање на песни, SongCatcher. Новиот додаток кај SongCatcher, покрај со пуштање на некоја песна, сега може да препознава песни кои на корисниците им се вртат во главата, како што истакнуваат од компанијата, но не можат да се сетат за кои се работи.

Апликацијата ќе може да ги препознава песните со едноставно потпевнување или свиркање од страна на корисникот, а ќе видиме со колкава успешност ќе го прави истото. Од Deezer најавуваат дека со тек на време нивниот алгоритам ќе станува подобар, па корисниците можат да очекуваат побрзо и поточно препознавање на песните кои тие се обидуваат да ги отпеат пред апликацијата.

Од Deezer исто така истакнуваат дека тие се единствената апликација за музика која на своите корисници им овозможува една ваква функција.

Инаку, Google воведе иста можност во 2020 година во нивната Google Search апликација, па корисниците можат да дојдат до слични резултати и на овој начин.  

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаСојузот на средношколци на чекор од законско уредување на средношколската демократија
Следна статијаCloudflare претстави побрза и поедноставна алтернатива на CAPTCHA
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.