Фото: Shutterstock.com

Можноста на ChatGPT за работа со код сега станува доста покорисна, па корисниците на апликацијата од „четботот“ за macOS добиваат можност за директна измена на код во одредени апликации. 

Наместо како досега да мора да се стави кодот директно во ChatGPT и да се побара одредена измена, па истата да се префрли во апликацијата која ја користи корисникот, сега ChatGPT цел овој процес ќе може да го прави директно. 

Поддршка за работа со ChatGPT имаат апликациите за измена на код, какви што се Xcode од Apple, VS Code од Microsoft, како и доста популарните алтернативни апликации од JetBrains. 

Како што може да се види од видеото во продолжение, додека работат во својата апликација, корисниците ќе можат да ја активираат кратенката за ChatGPT, по што ќе биде препознаена апликацијата и сите барања ќе се однесуваат на моментално отворената работа, односно код. 

По изработката на промените или на целосно нов код од страна на ChatGPT, корисниците се што треба е да притиснат едно копче и кодот ќе биде поставен на потребното место во самата апликација. 

Оваа новина од OpenAI станува конкуренција на функциите како GitHub Copilot, која им беше пуштена и на бесплатните корисници.

Од идната недела се очекува и бесплатните корисници на ChatGPT да добијат пристап до новата можност.

Покрај за macOS верзијата од ChatGPT, се најавува дека се работи на оваа функција и за Windows верзијата, а пуштањето на истата е најавено како наскоро. 

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаПрвиот iPhone на преклоп нема да биде тенок како некој од конкурентите, а ќе дојде и со доста висока цена
Следна статијаLynk & Co е првата компанија во Европа што воведува приклучен хибрид со досег од 200 километри и брзо полнење со еднонасочна струја: Го претставуваме иновативниот Lynk & Co 08
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.