Порано Mozilla Thunderbird, сега само Thunderbird, останува еден од најпознатите имејл клиенти, а посебно за корисниците на Linux. Оваа апликација со отворен код е одлична алтернатива на Outlook кој не може бесплатно да се користи, а и не е достапен на сите платформи.

Thunerbird како имејл клиент ги нуди сите потребни функции за да се смета за сериозна апликација, но една работа остана непроменета со години, а тоа е изгледот на корисничкиот интерфејс.

 Моменталниот кориснички интерфејс е освежен неколку пати, но сепак е далеку од модерните трендови. На Linux посебно, достапни се одлични алтернативи со модерен дизајн, па Thunderbird е време да поработи малку на тој дел.

Од организацијата која стои зад развојот на Thunderbird преку Twitter најавија дека апликацијата ќе добие поголем редизајн, а објавија и слика за да видиме што да очекуваме.

Може слободно да се каже дека редизајнот изглед одлично и сигурно ќе направи да некои од старите корисници на Thunderbird повторно му дадат шанса и почнат да го користат.

Од сликата може да се види сега популарниот стил на поставување на различните делови од апликацијата вертикално на левата страна, а променет е и стилот на остатокот од апликацијата.

Не е точно познато кога може да се очекува овој нов изглед, но треба да се очекува некаде отприлика идната година после верзијата 110.

ИЗВОРOMG Linux
Претходна статијаА1 Македонија за сите при-пејд и пост-пејд корисници на мобилна телефонија
Следна статијаAndroid 13 кај Samsung уредите ќе дојде уште побрзо оваа година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.