Конечно после долго време на чекање со месеци да биде пуштена најновата Android верзија за достапните уреди, изминатите неколку години, а посебно минатата Samsung го забрза целиот процес. Најновата верзија од Android, барем кај најновите модели, станува достапна брзо по официјалното пуштање, па минатата година процесот започна од ноември.

За оваа година, неофицијално се најавува дека Samsung дополнително ќе го забрза процесот, па One UI 5.0, преку кој доаѓа Android 13 кај телефоните од компанијата, ќе биде пуштен во октомври.

Корисниците на Galaxy S22 ќе бидат првите кои ќе ја добијат надградбата, а за кратко после нив ќе почнат да ја добиваат и другите поддржани модели.

Според информациите, бета верзија од One UI 5.0 треба да биде пуштена во третата недела од јули, што е за кратко време од сега. Повторно, оваа верзија се најавува прво за Galaxy S22 серијата, а набрзо се споменуваат и Galaxy Fold3 и Flip3 телефоните.

Бета верзиите обично не се достапни во нашата земја, па ќе видиме дали оваа година од Samsung ќе се одлучат за проширување на програмата во повеќе земји.

Информацијата ја објавува ексклузивно SamMobile, па со оглед на тоа дека се работи за доста веродостојна страна, може да се сметаат како точни.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаЦелосно нов изглед за веќе застарениот Thunderbird се спрема за идната година
Следна статијаПреносливиот проектор Samsung Freestyle сега е достапен во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.