Mozilla Thunderbird е еден од најдобрите и најмногу популарните имејл клиенти за десктоп компјутерите со отворен код. Оваа апликација е посебно популарна кај „фановите“ на Mozilla и тоа што претставува оваа организација во светот на приватноста.

Сепак, развојот на Mozilla Firefox има приоритет, па Thunderbird веќе одамна не добива доволно новини, па среќа испадна што се продолжи со поддршка која подразбира издавање на безбедносни надградби и исправки.

Постоеше дури и ризик Thunderbird целосно да прекине со развој или да биде „продаден“ на некоја друга компанија, но по поддршката од фановите, оваа апликација беше префрлена под капата на The Mozilla Foundation поради немањето доволно ресурси и време во Mozilla Corporation.

Оваа одлука, заедно со поддршката од фановите, овозможи да Thunderbird продолжи да функционира, а сега развојот ќе биде префрлен во новоформирана компанија, исто така во целосна сопственост на The Mozilla Foundation, наречена MZLA Technologies Corporation.

Кратко кажано, Thunderbird ќе продолжи да се развива во организациона форма исто како и Firefox. Тоа ќе овозможи да на апликацијата се посвети посебно време, луѓе и други ресурси со што се најавува и конечно воведување и на нови функции.

„Имаше време кога иднината на Thunderbird беше неизвесна и не беше јасно што ќе се случува со проектот, откако беше одлучено да веќе не биде поддржуван од страна на Mozilla Corporation. Но, во последниве години донациите од корисниците на Thunderbird овозможија проектот да расте и да цвета органски во рамките на The Mozilla Foundation. Сега, за да се обезбеди иден оперативен успех, после неколкумесечно планирање, создаваме нов пат напред. Преместувањето во MZLA Technologies Corporation не само што ќе му овозможи на Thunderbird проектот поголема флексибилност и агилност, туку ќе ни овозможи да им понудиме на корисниците производи и услуги што не беа можни во рамките на The Mozilla Foundation. Овој потег ќе му овозможи на проектот да собере приходи преку партнерства и не-добротворни донации, што пак може да се искористи за покривање на трошоците за нови производи и услуги.“ – истакнуваат од The Mozilla Foundation.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2gHacks
Претходна статијаЗошто е одлично тоа што Нобеловец признава грешка?
Следна статијаКоронавирусот може да предизвика проблеми во производството на iPhone уредите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.