Apple оваа недела ја претстави Apple Music Sing функција за нивниот Apple Music сервис. Оваа новина ќе им биде достапна на сите корисници во светот, а за потсетување сервисот од компанијата се наплаќа месечно, односно нема бесплатна верзија.

Како што може да се претпостави и од самото име, Apple Music Sing овозможува пеење караоке, односно пеење заедно со пуштената песна. Тоа се постигнува со тргање на вокалот од песната, со што останува мелодијата за корисниците да можат да пеат.

Логично, Sing функцијата е достапна во делот каде што се достапни текстовите од песните, па додека се пее, може да се гледа и текстот, за тие кои не го знаат.

Apple Music Sing не може да се вклучи баш на секој песна во каталогот, но од компанијата истакнуваат дека функцијата е достапна на десетици милиони песни, па сигурно корисниците ќе можат да ги најдат своите омилени.

Вклучувањето и исклучувањето на вокалите не е фиксно, односно може да се намалува и зголемува. Со тоа корисниците може да прилагодат дали воопшто да се слуша и до кое ниво главниот вокал во песната.

ИЗВОРApple
Претходна статијаДали економската криза може да даде нов импулс на регионалната соработка
Следна статијаСоздадете добри еко-навики оваа зима
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.