flappy-bird

Flappy Bird е игра која што стана хит на iOS и Android и стана уште попозната откако нејзиниот програмер ја повлече од продавниците за апликации објаснувајќи дека вниманието и популарноста што ја има добиено се премногу за него. Не интернет можеа да се најдат информации според кои што вистинската причина за повлекувањето на играта е поради барање од страна на Nintendo поради стилот и графиката на истата кои што потсетуваат на старите познати игри.

По повлекувањето на Flappy Bird масовно почнаа да се појавуваат копии од оваа игра од разни програмери. Тие исто така станаа популарни и барани, па сега се дел од најпопуларните игри во Play Store и App Store. Поради бројот на игри со исто или слично име и тематика, Apple и Google почнале да ги одбиваат новите игри кои што го содржат името Flappy во нивното име. Објаснувањето што го даваат е дека играта се обидува да асоцира на друга игра, па со тоа ги прекршува правилата на продавниците за апликации.

Се разбира програмерите на одбиените игри не се задоволни, посебно поради фактот што сеуште има голем број на вакви игри кои што се достапни и функционираат и добро заработуваат на сметка на целата популарност што ја добија овие игри. Сепак според други информации, игрите ќе може да бидат поднесени и прифатени во продавниците доколку во своето име не го содржат зборот Flappy.

Извор: TechCrunch

Претходна статијаКако ќе изгледа Samsung Galaxy S5 ?
Следна статијаGoogle ја купи SlickLogin, компанија која развива звучна автентикација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.