Galaxy S5 ќе биде претставен на 24-ти овој месец, односно на првиот ден од MWC настанот кој се одржува во Барселона. Можеби оваа информација не е 100% сигурна и потврдена, меѓутоа според сите информации, шансите се големи, а и неофицијално потврдени од луѓе во Samsung.
До сега имаше поголем број на шпекулации и информации за тоа што ќе донесе овој нов главен модел од Samsung. Достапни беа и слики покрај големиот број на информации. Денеска на интернет е пуштена слика од можниот дизајн на S5-ката, нешто што до сега не било прикажано, но доста пати шпекулирано. Од сликата може да се види дека Samsung ќе го напушти стилот на заоблен дизајн за по правоаголен дизајн. Исто така може да се забележи примена на трендот на намалување на рамката кај мобилните телефони со што се добива многу поубав изглед со екранот во предел план. Покрај можниот дизајн од сликата може да се види и новиот TouchWiz, корисничкиот интерфејс кој што Samsung го користи и е популарен уште од првиот S модел.
Сликата е објавена од страна на јужнокорејскиот веб сајт Move Player, а истата можете да ја погледнете во продолжение.
Извор: Redmond Pie