Со цел да се избегнат стандардните проблеми со губење на пластичните картички/клучеви и гужви при чекирањето на рецепција, синџирот на хотели Starwood од САД на своите гости им нуди можност за користење на виртуелни клучеви за хотелските соби.

На гостите ќе им стига порака на апликацијата на хотелот, која ќе го содржи виртуелниот клуч и со паметниот телефон ќе може да се отвори хотелската соба. Оваа апликација би била компатибилна со најновите iPhone модели (4S и понови) и новите Андроид телефони.

virtual-hotel-key

Преку Bluetooth конекција, мобилниот телефон се поврзува со сензор поставен на вратата од собата и ја активира бравата, односно се отвора собата. Бравите се на батерии и можат да работат дури и ако компјутерскиот систем на хотелот не работи. Во случај да се испразнат батериите вратата нема да може да се отвори, но ова е решено така што хотелскиот персонал ќе добива предупредувања кога батериите се при крај.

Во следните три месеци се планира да се инсталира овој систем во Aloft хотелите кои се наоѓаат во Harlem, New York и Cupertino, California. Интересно е што во Cupertino се наоѓа и главното средиште на Apple. Ако се биде во најдобар ред, се очекува до следната година да инсталираат вакви клучеви во сите нивни хотели.

aloft-hotel

Хотелите до сега не биле цел на иновативни нови технологии, но со ова решение многу хотелиери ќе бидат задоволни. Kако што изјавија од Starwood овој систем би можел да биде најголем технички напредок во хотелите после Wi-Fi-то.

Би се создала уште поголема сатисфакција кај гостите бидејќи нема да имаат причина да застанат на рецепција или можност да го изгубат клучот од собата, се ќе биде на нивните мобилни телефони.

Ова не е прв пат паметен телефон да се користи како клуч на хотелска соба. Во 2010, Apple поднесе патент за користење на iPhone во различни сценарија при патување и купување.

Претходна статијаDatacoup нуди 8 долари месечно за вашите лични податоци
Следна статијаКако ќе изгледа Samsung Galaxy S5 ?