Фото: Shutterstock.com

Уште една вест од Applе која влегува во категоријата на конечно од компанијата е можноста за функционирање на апликациите за стриминг на игри. Ова е нешто што досега од компанијата не го дозволуваа, но со неколкуте измени на правилата, во главно изнудени од ЕУ, доаѓа и оваа новина.

Со оваа новина се отвора вратата за апликациите како Xbox Cloud Gaming и Nvidia GeForce NOW, а секако тука се и други помалку познати сервиси. Овие сервиси досега може да се користат само преку веб, па конечно ќе можат да бидат пуштени апликациите од нив.

Очекувано, Apple ќе постави одредени правила за овие апликации, па цела достапна содржина преку ваквите апликации ќе мора да ги следат, а се работи за правила како прилагоденост за возраста на корисниците и слично.

ИЗВОРApple
Претходна статијаИскористи ги последните денови – плаќај со Vibe-on картичката и добиј можност за CASHBACK
Следна статијаApple овозможува алтернативни продавници за апликации за корисниците во ЕУ
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.