Фото: Shutterstock.com

Директорот на OpenAI Сем Алтман, во рамки на семинар во Stanford University, разговараше за иднината на компанијата, поточно главниот производ на кој работат, вештачката интелигенција и GPT големиот јазичен модел. 

Алтман беше доста актуелен минатата година по краткото губење на позицијата во компанијата од се’ уште непознати причини, а Елон Маск дури најави тужба против него за менување на правецот на компанијата. 

Според Алтман, во иднина можеме да очекуваме многу поспособни јазични модели, а GPT-5 ќе биде многу поспособен од сегашниот GPT-4. 

Ова може да звучи чудно за корисниците кои ретко го користат ChatGPT, а ја имаат видено моќта и што се’ е возможно, па можеме само да замислиме што се’ ќе може да се очекува во иднина. 

Алтман за да покаже колку голем напредок се очекува уште со наредната верзија, истакнува дека GPT-4 е најглупиот јазичен модел кој корисниците би го користеле во иднина и тоа за многу. 

Ваквите најави не изненадуваат, генеративната вештачка интелигенција и големите јазични модели пред само две години дојдоа до нивото на кое се сега, па напредокот е очекувано да е доста голем до тек на време. 

Крајната цел на Алтман и OpenAI e постигнување на ниво на генерална вештачка интелигенција, нешто што доста го критикуваат и го сметаат дури за ризично. Ова е ниво кога вештачката интелигенција би требало да ги разбира работите на ниво на луѓето, а со тоа да може да учи и самата да напредува.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2Tom's Guide
Претходна статијаНаредната верзија од Windows 11 се очекува автоматски да го вклучи шифрирањето на дискот со BitLocker
Следна статијаНајголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.