Наредната главната надградба на Windows 11, која стандардно ќе биде достапна во есен, можно е да донесе една новина замислена да ја подобри безбедноста и приватноста на корисниците.
Според информациите, при процесот на надградба на Windows 11 2024, кој ќе биде променет, на корисниците автоматски ќе им биде вклучена BitLocker функцијата која обично е опционална.
BitLocker е решение од Microsoft кое е вградено во Windows уште од Vista, а овозможува шифрирање на сите податоци на дисковите од компјутерот. Со тоа се обезбедува поголема безбедност на податоците, односно до нив е скоро невозможно да се дојде при губење или кражба на компјутерот.
Иако ова треба да е добра вест за корисниците, сепак можно е да има критики поради фактот што Microsoft повторно прави нешто без да им овозможи избор на корисниците.
Тие сепак ќе можат да го исклучат BitLocker преку Settings, исто како што тоа и сега е достапно за вклучување на функцијата.
Главната разлика која доаѓа е достапноста на BitLocker и за Home верзијата од Windows 11, каде што исто така функцијата би била автоматски вклучена при инсталацијата.
Дополнително, корисниците можат да добијат и мало намалување на перформансите на дисковите доколку е вклучен BitLocker, па ова е уште еден „поен“ минус за оваа новина доколку биде вклучена.
Сепак, шифрирањето на дисковите е нешто што е стандардно на повеќето други системи и е нешто што се препорачува, така да генерално ова е добра промена доколку официјално биде воведена.