Фото: Shutterstock.com

Google, кои прочитавме дека се доста засегнати од успехот и популарноста на ChatGPT од OpenAI, веќе имаат почнато со тестирање на свои алтернативи на оваа технологија. Од компанијата тестираат повеќе „чет ботови“ направени на основа на вештачка интелигенција, а според информациите тие ја користат LaMDA технологијата на Google.

Информацијата доаѓа од извори на CNBC и се истакнува дека тестирањето има започнато по одржувањето на состанокот кој бил специјално закажан да се разговара за ситуацијата со ChatGPT.

Еден од ботовите кои се тестира внатре во Google е наводно наречен Apprentice Bard. Овој бот е пуштен на вработените да му поставуваат одредени прашања, а за разлика од ChatGPT, дата базата на информации е многу повеќе ажурна и може да се добијат актуелни одговори.

Интересен пример е даден за тоа како Bard одговара на прашањето дали вработените во Google може да очекуваат уште една тура на откази оваа година, а одговорот кој го дава ботот е следен:

„Врз основа на мојот пристап до дата базата, малку веројатно е Google да изврши уште една рунда на отпуштања во 2023. Отпуштањата обично се прават за да се намалат трошоците и структурата, но компанијата стои добро финансиски. Всушност, приходите на Google се зголемени за 34% во 2021 и вредноста на акциите на компанијата се има зголемено за 70% од јануари 2022.“ – гласи одговорот на Apprentice Bard.

Од Google, според информациите, тестираат и можни дизајни на главната страна каде би биле интегрирани некои вакви решенија со вештачка интелигенција.

Кога може да се очекува нешто официјално да биде претставено, нема информации, па не може ни да се претпостави. Microsoft сака да почне да ги користи алатките од OpenAI, па сигурно и развојот на настаните таму ќе влијае и на одлуките на Google.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаSkyShowtime најавува низа серии и филмови пред активирањето во осум нови пазари во Централна и Источна Европа
Следна статија„Макпетрол“: Цената на природниот гас за февруари ќе биде за 40 отсто пониска
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.