Фото: Shutterstock.com

Изминатите неколку месеци ChatGPT алатката, поточно нејзината најнова верзија, од OpenAI доби посебна популарност, а во главно поради тоа што повеќето корисници можеа да ја пробаат и да ги видат можностите и способностите на оваа ваштачка интелигенција, кратко кажано.

Подоцна дојдоа најави дека Microsoft планира да ја користи оваа алатка во нивниот Bing пребарувач, а алатките од OpenAI може да се очекуваат во повеќе сервиси од компанијата, која повторно инвестираше во OpenAI, овој пат повеќе милијарди долари.

Според информациите, ова има предизвикано одредено ниво на загриженост во Google кои може да добијат посериозна конкуренција од Bing. Директорот Сундар Пичаи ги има викнато на состанок основачите Сергеј Брин и Лери Пејџ и наводно се разговарало за имплементација на слично решение во Google.

Во компанијата се разговарало за поголема имплементација на вештачката интелигенција во нивните производи и сервиси, па такво нешто би требало да се очекува во иднина.

Иако доаѓаат и со потенцијални проблеми, алатките со вештачки интелигенција овозможуваат многу повеќе човечка интеракција наместо класично пребарување по клучни зборови. Пребарувачот на овој начин може да го разбере барањето на корисникот и да врати многу повеќе важни резултати, па дури и да продолжи со одреден разговор.

Во иднина може да се очекува имплементација на вештачката интелигенција во повеќе производи и сервиси, односно се очекува голем напредок и промена на начинот на интеракција со компјутерите.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаAndroid 14 ќе го блокира инсталирањето на постари апликации надвор од PlayStore
Следна статијаЖителите на Пехчево собраа 380 килограми пластични капачиња во акцијата на Пакомак
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.